Пет причини зошто Galaxy S6 е подобар од iPhone 6S

popara15 септември, 20151min00
10

Откако iPhone 6S и 6S Plus ја добија својата премиера, време е за споредба со нивниот најголем соперник Galaxy S6.

Прочитајте пет причини поради кои што сметаме дека предводникот на Samsung е подобар во однос од оној на Apple.

1. ДИСПЛЕЈ

Екранот на Samsung Galaxy S6 е 5.1-инчен со резолуција 1440 x 2560 пиксели. AMOLED технологијата му овозможува тој да добие многу предности. Од другата страна, iPhone 6S на Apple, има 4.7 инчи и резолуција од само 750 х 1334 пиксели. Во корист на Samsung, исто така, обрнуваме внимание и на односот дисплеј-тело на телефонот. Кај Galaxy S6 тоа е 70.48% кај димензии на телефонот 143,4 x 70,5 x 6,8 милиметри. iPhone 6S е со однос 65.71% кај големина 138,3 x 67,1 x 7,1 милиметри.

2. МАСА

Ако се уште не сте забележале, iPhone 6S, а дури и 6S Plus, се потешки од неговите претходници. Ова најверојатно се должи на различната легура од која е направен телефон, како и некои од деловите внатре во него. Иако смартфонот е помал од Galaxy 6S, вториот е полесен. “Вагата се навалува” во корист на Samsung, чиј што телефон е само 138 грама, наспроти 143 за Apple.

3. КАМЕРА

Не можеме да не признаеме дека тестот фотографии кои ги видовме кај iPhone 6S, се прекрасни. Камерата на Galaxy S6 исто така не е воопшто лоша. Имено, Samsung се обложуваат на 16 мегапиксели сензор, но мегапикселите не се сè – според техничките спецификации апертурата на Samsung треба да е подобра. Колку е помала таа, толку подобро. Кај Galaxy S6 таа е f1.9, додека кај Apple е f2.2 . Тоа значи дека камерата на Samsung би требало да се прави подобро кај слабата осветленост. За да кажеме со сигурност кој е победник, неопходен е тест на двата телефони. Важно е да се истакне дека, исто така, само iPhone 6S Plus поседува оптичка стабилизација како функција на камерата. Samsung, како кај Galaxy S6, така и кај Galaxy S6 Edge има можност да ви асистира при фотографирање преку оптичка стабилизација.

4. ПОГОЛЕМА БАТЕРИЈА

tel4

Тука можеме да кажеме само едно – батеријата на Samsung Galaxy S6 е 2550 mAh, додека онаа на iPhone 6S е само 1715 mAh. Ова, се разбира, не е гаранција дека Apple производот ќе се справи полошо – сепак, благодарение на iOS 9 и новиот чип, смартфонот на Американците треба да обезбеди неколку дополнителни часа. Карактеристиките сепак покажуваат дека барем на хартија Корејската графичка е подобра.

5. БЕЗЖИЧНО ПОЛНЕЊЕ

tel5

Како последна точка го оставивме бежичното полнење. Можеби не секој го користи, или пак воопшто нема потреба од него, но да го имате како расположлива функција е бонус. Што ако го заборавите полначот и сте на пат? Apple уште еднаш не ја имплементира оваа веќе широко распространета технологија, додека Samsung сериозно ја истакнуваат.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag