Престон Бриџ имал само 16 години кога се фрлил од тераса, под влијание на синтетичка дрога. Неговиот татко Род, решил да им се освети на дилерите и за таа цел, се инфилтрирал во кинеската мафија.
Тој се претставил како дилер од Австралија, кој сака да купи голема количина на синтетичката верзија од ЛСД, позната како 25i-NBOM, од која починал неговиот син. Тоа што го направил овој човек е прикажано во специјалната емисија „60 минути“.
https://www.youtube.com/watch?v=VyTaYjdnd9g
Дрогата која ја конзумирал неговиот син е 60 пати појака од ЛСД, па поради неа Престон халуцинирал и мислел дека може да лета и се фрлил од тераса. Откако се смирил од шокот по загубата на синот, Роб спровел истрага и завршил во најопасниот кварт во Кина, каде на скриена камера ги снимил произведувачите на дрога.
За една вреќа дрога, тие му барале 6. 500 долари. Дрогата која ќе биде дистибуирана, достигнува вредност до милион австралиски долари, односно 884. 000 евра.
Роб снимениот материјал го доставил на полицијата во Кина и Австралија, која спровела истрага и ги привела дилерите на дрога. Со ова Роб не само што ја осветил смртта на неговиот син, туку и го потенцирал фактот дека овој вид дрога е распространета во Австралија. Интересно, но и чудно во целата приказна е што кинеските дилери не ја виделе неговата тетоважа на раката, која е посветена на синот Престон.