Прекрасни мудри мисли што ќе ве мотивираат, ќе ви отворат тема за размислување, ќе ве дигнат од депресивното дно.
* Жените се како јаболката. Највкусните се горе на врвот од дрвото. Мажите не сакаат да се качуваат на високо, од страв да не паднат и наместо тоа ги собираат паднатите јаболка од земјата, кои не се толку добри но затоа се лесно достапни. И затоа јаболката на врвот си мислат дека нешто со нив не е во ред, и покрај тоа што се прекрасни!
* Една жена може така да те прати по ѓаволите, па да го чекаш патувањето со нетрпение.
* Жените не ги прават мажите глупаци, повеќето од нив одлично се справуваат со таа задача и самите.
* Вистински ме запознаваат само луѓето за кои мислам дека има смисла, а за другите сум едноставно тоа што го гледаат.
* Факт е дека животот е тркало што постојано се врти. И затоа знам дека, по некое време, можеби вие ќе бидете на дното, а јас ќе бидам човекот што од високо ќе ве гледа, како што денес вие ме гледате мене.
* Силно сакам! Тешко простувам! Лесно полудувам! Гадно повредувам! Порано или подоцна, добивам сè!
* Некои луѓе се како 1 денар, со две лица и ништо не вредат!
* Интригата е сила на слабите!
* Еден ден кога ќе страдаш така, како што страдам јас сега, а тој ден ќе дојде, порано или подоцна, Господ да ти е на помош!
* Подобро со искреност да спечалиш стотина непријатели, отколку со лицемерство, десетина пријатели.
* Каков пријател е оној што те турка во калта и после те прашува зошто си валкан?
* Додека вистината ги облекува чевлите…лагата може да го заобиколи целиот свет!