
Куќата која се наоѓа во Австралија и лебди над океан е една од најспектакуларните и најфотографираните изминативе години.
Со внимателно проектирање создадена е илузија дека виси на 40 метри над океанот и со тоа се постигнува совршен поглед кон бесконечниот хоризонт.
Ентериерот е елегантен, отворен и опремен со најнова технологија – од чешми кои ја менуваат бојата во зависност од топлината на водата, до креветите кои се развлекуваат на едно копче.

Куќата претставувала атракција уште од 1978 година, кога ја изградил архитектот Френк Диксон. Изградена била во целост од дрво, а после 40 години почнала да се распаѓа.
Семејството Диксон се разделил од својот летниковец во 2005 година за 1,75 милиони австралиски долари, но поднеле жалба и барање куќата да биде ставена на листата на заштитени објекти кога новите сопственици, Кети и Рејмонд Адамс, решиле да ја срушат.

Желбата не била усвоена, но сопствениците сепак решиле новата куќа да изгледа многу слично на старата. На почетокот на 2013 година, архитектот Франко Фиорентини од студиото “F2 Architecture” започнал со реконструкција на куќата. Како резултат настанал нов, модерен објект на веќе славната основа.







