Ќерката на Анџелина и Бред Пит сака да биде момче

popara16 септември, 20151min00
9

Шајло Џоли Пит, ќерката на најпознатата холивудска двојка Анџелина и Бред наместо женска облека обожава да им ја „краде“ облеката на своите браќа, а често истакнува дека би сакала да стане момче.

Бидејќи Анџелина и Бред го сакаат најдоброто за своето дете, тие решиле да побараат помош од психолог во врска со овој случај.

– Ним им е најбитно Шајло да биде среќна и самоуверена, па се подготвени да направат се за да и пружат дом полн со љубов во кој ќе се чувствува сигурно – наведува извор близок на семејството Џоли-Пит.

Имено, Бред Пит во едно интервју признал дека неговата ќерка Шајло бара да се вика Џон, а Анџелина уште во 2010 година кај Опра Винфри признала дека нејзината ќерка сака да биде момче и дека барала да и ја истрижат косата сосема кратко.

– Обожава да носи машка гардероба и повеќе се дружи со своите браќа. Всушност, таа верува дека е нивен брат – вели Анџелина.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *