Бодибилдерката Оксана Кошелева од сибирскиот град Иркутск тешка е 79 килограми.
Таа влечеше трамвај со тежина од 17 тони и со тоа постави нов спортски рекорд во Русија.
Како што изјави, сакала да влече авион тежок 20 тони за да влезе во Гинисовата книга на рекорди.
-Се спремав да влечам авион, но завршив со трамвај. Не беше тешко. Требаше да биде подолго, но ќе го оставам тоа за следниот пат, изјави Кошелева.
Погледнете го нејзиниот подвиг.