Лекарите тврдат дека мувите се два пати поопасни од било кој друг инсект кога станува збор за зарази.
Бидејќи мувите се хранат со измет, ѓубре, труло месо, угинати животни.
Работата да биде уште поодвратна, мувите не ја џвакаат храната, туку прво ја плукаат со своите ензими за подобро да ја стопат, а потоа ја вшмукуваат.
Но, тие ензими не се причина за заразите и опасностите кои мувите ги носат со себе. Тие едноставно пренесуваат бактерии и вируси кои се наоѓаат на нивното тело, слетувајќи од човек на човек или пак на храната која луѓето ја конзумираат.
Кога мува ќе слета на храната, таа пренесува бактерии на неа.
Заклучок, ако видите мува случајно да слета на храната која сте сакале да ја изедете, најдобро би било таа храна веднаш да ја фрлите.
https://www.youtube.com/watch?v=bUFyNMaiKII