Едно истражување покажало дека мажите најдолго и најјако доживуваат врвно задоволство додека гледаат порнографски содржини во кои учествува непозната жена.
Во истражувањето учествувале 23 хетеросексуални мажи меѓу 18 и 23 години, кои подлегнувале на тестирања секои 48 часа во рок од две недели. Првите шест пати гледале видео со иста женска личност, но со различни сценарија, со цел да се разбие монотонијата.
Тестирањето покажало дека бројот на сперматозоидите и количината на спермата секогаш останувале исти. Веќе на седмата снимка се појавил истиот маж, но со друга жена. Тогаш сите мажи многу побрзо доживеале оргазам, кој воедно бил и посилен.
Прво, ако жената подолго време имала сексуални односи со еден партнер, поголема е веројатноста дека нејзината јајце клетка е веќе оплодена. Второ, новата жена најверојатно во скоро време веќе имала секс со друг маж, кој претставува конкуренција, а изгледа дека тоа натпреварување ги возбудува мажите.
Сепак, ова сознание не значи дека научниците сакаат на мажите да им порачаат дека секој ден треба да имаат сексуални односи со други жени. Пред сè, откритието би можело да биде од корист за паровите кои имаат потешкотии при зачнување. Имено, гледањето на порно филмови со непознати актери, би можело да ја подобри јачината на спермата кај мажот, а со тоа да дојде до поголеми шанси за зачнување.