Во близина на градот Осојос во канадската провинција Британска Колумбија се сместило Точкестото езеро кое привлекува туристи од целиот свет.
Својот, во најмала рака необичен, изглед го должи на високата концентрација на разни минерали како што се магнезиум сулфат, калциум, натриум сулфат, сребро и титаниум. На лето, поголемиот дел од водата испарува од езерото и тогаш тоа го поприма точкестиот изглед кој го должи на наталожените минерални соли, а од составот на минералите зависи и бојата на езерото која може да биде жолта, зелена или бела.
Пред сто години, од езерото ваделе минерали за изработка на муниција, а тогаш од езерото било можно да се извадат и еден тон соли дневно!
Староседелците (на пример Индијанците) езерото го сметале за свето место, а очигледно има нешто во тоа, со оглед на тоа како водата од езерото има голем лековит потенцијал, што Индијанците максимално го искористувале. Според легендата, кога две завојувани индијански племиња договарале примирје, своите ранети ги ставале во Точкестото езеро со верување дека тоа ќе ги излекува.
Точкестото езеро неодамна речиси завршило како спа центар, но наследниците на домодорците успеале да ги наговорат сопствениците да не го прават тоа, туку езерото да им го продадат нив. На тој начин го зачувале од комерцијализација.
Денес е забранет пристап до езерото, така што не е дозволено ниту да му се приближи некој. Сепак, ако некогаш патот ве нанесе во Канада немојте да очајувате, затоа што погледот на езерото од патот и понатаму е фантастичен.