Еден Кинез освоил на почетокот на годината 4,6 милиони јуани (639 000евра) на лото, но пред да ги земе парите од премијата побарал развод од сопругата.
Лију Сијанг не и кажал ништо на сопругата кога во февруари дознал дека ја има добитната комбинација. Наместо тоа, решил да се разведе од неа. Кога дознала дека нејзиниот поранешен сопруг станал богат и сфаќајќи дека е измамена , жената го тужела на суд, барајќи половина од освоениот износ.
Односот помеѓу двајцата сопружници се нарушиле уште во 2013 година која Лију нашол љубовница. Се разделиле во јули 2014 но се уште формално биле во брак.
Во февруари оваа година, Лију освоил премија на лото и веднаш побарал развод, “широкоградо“ плаќајќи ги сите трошоци на бракоразводната постапка, пренесуваат кинеските медиуми.
Подоцна, на суд, се повикал на “чиста случајност“, но сепак морал на поранешната сопруга да и плати 1,15 милиони јуани (околу 160 000евра).