Анџелина Џоли повторно ја води битката со недостатокот на килограми, а нејзината драстична ослабеност овојпат серизоно го загрижила нејзиниот сопруг Бред Пит.
Имено, славниот актер одлучил да ангажира тим од лекари кои ќе и помогнат на Анџелина да ја постигне нормалната тежина.
– Не изгледа здраво во моментот, но тоа не е ништо ново. Бред и е најголема поддршка, но кога не е под негова контрола таа повторно престанува да јаде – вели извор за „ОК Магазин“.
Откако и самиот сфатил дека со нејзините проблеми не може сам да излезе на крај, Бред одлучил да ја ангажира француската нутриционистка Гертруда Кеазора која ќе му помогне Анџелина да ја изведе на вистинскиот пат.
– Целта е да ја зајакнат психички и да и помогнат да ги усвои новите навики во исхраната. Бред сака Анџелина да добие повеќе на тежината – додал извор.
Со помош на специјалниот план на исхрана и низ сеансите „еден на еден“ со Кеазора, Бред се надева дека Анџелина во тоа и ќе успее.