7 работи кои паметните луѓе никогаш не ги прават: Дали сте вие меѓу нив?

popara22 септември, 20151min00
1

Како да ги издвоите паметните луѓе од останатите? Дали ги оценувате по знаењето кое го имаат или пак по начинот на кој ги донесуваат одлуките во важните моменти?

Повеќето луѓе ќе се сложат дека одговорот е некоја комбинација, но постојат неколку работи кои паметните луѓе дефинитивно никогаш не ги прават.

1. Не се расфрлаат со пари

Не станува збор за лица кои се кржави туку за луѓе кои знаат да го разликуваат она што е важно и неопходно од она неважното. Тие не трошат пари на предмети кои им го мамат окото, а немаат конкретна цел. За нив секоја инвестиција треба да биде неопходна или да резултира со добар повратен исход.

2. Не се потпираат на другите и на среќата

Не постои ништо лошо во тоа да се потпрете на пријателите и вашите сакани, роднини, дечко/девојка, но тоа не значи дека треба да сметате дека тие ќе ви го решат секој проблем само затоа што се дружите. Паметните луѓе се самостојни, сами си бараат решенија за своите проблеми и не ги оптоваруваат другите со нив.

3. Не  обвинуваат никого за своите грешки

Некои идеи може да изгледаат генијално, но кога ќе се спроведат на дело, излегува дека не се ништо посебно и корисно. Паметните луѓе не се оптоваруваат со тоа, туку учат од грешките. Што е најважно, никој друг не е виновен за истите.

4. Не дозволуваат минатото да ги кочи

Она што им се случило во минатото, паметните луѓе го оставаат таму.

5. Не се откажуваат од своите идеи заради другите

Паметните луѓе никогаш нема да се откажат од своите планови затоа што на другите не им се допаѓаат. Доколку се сигурни дека тоа што го сакаат ќе успее, тие ќе одат кон својата цел без оглед на туѓите мислења.

6. Не се преценуваат

Сосема е нормално да бидеш свесен за своите способности и да се чувствувате добро заради тоа, но паметните луѓе се свесни дека преценувањето може само да им наштети.

7. Не ризикуваат без потреба

Паметните луѓе никогаш не дозволуваат да изгубат нешто вредно заради задоволство. Тие преземаат ризици, но само тогаш кога тоа се исплати.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *