Нашата Антонија го фасцинираше жирито на „Пинк ѕвездички“!

popara23 септември, 20151min00
Нашата Антонија го фасцинираше жирито на „Пинк ѕвездички“!

Антонија Гиговска е 14 годишната скопјанка која доминираше во третата емисија од втората сезона на регионалниот музички натпревар „Пинкови ѕвездички“.

Настапи последна како вистинска ѕвезда и со својот талент ги занеме сите присутни. Жирито не штедеше пофални зборови  за младата Антонија која фасцинираше со песната „Море пелина“ од Марија Шерифовиќ.

– Нема што ние неа да и објаснуваме. Таа на сите нас ни објасни и заслужено ги доби сите пет гласови, посочи Леонтина.

Хари искоментира дека Антонија е сериозна пејачка која за него ја имаше најдобрата изведба на вечерта.

– Растури вечерва. Она што го изведе со својот глас е фантастично. Вечерва, ти доминираше, искоментира Гоца, а веднаш по неа и останатите членови од жирито ја опсипаа Антонија со позитивни и пофални зборови.

Антонија уште на прва остави одличен впечаток, а со тоа доби деректно понатамошно учество во ова се попопуларно шоу за музички таленти.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *