
Не, Мартин Шкрели не е политичар, ниту има некаква државна функција. Тој директно не убил никого, дури не се терети за никаков криминал, но е апсолутно најомразениот човек на планетава. Марин има само 32 години, успеа со само еден потег да го навлече гневот на цела планета.
Тој одлучи да заработи на луѓето кои немаат избор, така што, без некоја посебна причина, преку ноќ, ја зголемил цената на еден спасоносен лек за повеќе од 5.500 отсто.
А зошто? За да заработи пари. Но, и затоа што му се може.
Лекот Дараприм 62 години имаше иста цена од околу 13,5 долари по една таблета, а потоа Шкрели ја откупи лиценцата за 55 милиони долари. Во прашање е лек на активна супстанца по име пириметамин кој се користи за лекување на заболени од рак, бебиња кои имаат недоволно развиен имунолошки систем, мали деца кои се родени со СИДА и заболени од тропски болести како маларија или токсоплзмоза.
Но, тој одлучи да ја зголеми цената на оваа спасоносна супстанца од 13,5 долари по таблета на неверојатни 750 или 833 долари во зависност од аптеката.