Народни верувања кои се научно докажани

popara23 септември, 20151min00
7

Мудроста на старите жени се развивала низ векови на живот и човечки искуства – и додека сега некои од нив докажано се само суеверија, други имаат навистина докажана научна подлога.

Кои се тие?

Пилешка супа како лек

Откако ќе настинеме, првиот совет од бабите е дека треба да јадеме пилешка супа. Се покажа дека има вистина во ова. Иако пилешката супа нема да ве излечи од настинката, сепак ќе ги ублажи симптомите.

Научниците откриле дека пилешката супа навистина може да го намали воспалението со намалување на активноста на белите крвни зрнца, кои се одговорни за предизвикување на воспаленијата.

Долго и тешко пораѓање – ќе биде момче!

Науката покажа дека момчињата им даваат потешки маки и болки на мајките за време на раѓањето. Една ирска студија од 2003 година, покажала дека жените кои раѓаат момчиња имаат поголеми шанси да искусат компликации, што доведува до поголем број на итни царски резови.

Зошто? Затоа што момчињата се поголеми и потешки од девојчињата, а имаат и поголеми глави.

Една јаболка дневно ве држи далеку од докторските прегледи

Да, да – сите знаеме дека треба да јадеме овошје секој ден и дека тоа е добро за нашето здравје. Но, дека една јаболка на ден ќе не спаси од докторите, навистина е точно.

Едно истражување од 2013 година покажало како би било кога сите луѓе над 50 години јадат по една јаболка на ден, а резултатите всушност покажале дека би спречиле или одложиле 8.500 срцеви и мозочни удари секоја година. Значи, правец на пазар и одберете ги најсочните јаболка.

Чоколадото помага да се ослободите од предменструалните грчеви

Покажано е дека онаа потреба за чоколадо пред да ви почне менструалниот циклус, се случува поради физиолошки причини. Студиите покажуваат дека чоколадото содржи хранливи материи и антиоксиданси како што е анандамид, што може да има смирувачки ефект и да ги држи во баланс анксиозноста и расположението. Па, не мора веќе да чувствувате кривица поради додатното внесување чоколадо во организмот.

Жешките купки ја оштетуваат спермата

Ако со вашиот партнер се трудите да направите бебе, тогаш потрудете се вашиот маж да нема топли купки пред самиот чин.

Научната студија од 2007 година покажала дека мажите на кои спермата им е тестирана откако 30 минути поминале во топла купка, имале многу лоши резултати, а откажувањето од топлата вода навистина ги подобрува сперматозоидите.

Киселините за време на бременоста се знак дека бебето ќе се роди со многу коса

Ова сигурно сте го слушнале и ако се уште немате деца, речиси и не постои некоја постара жена која во тоа не верува. Токму овој мит го потврдиле и лекарите од болницата „John Hopkins“ во Балтимор.

Тие спровеле истражување за да го побијат ова верување, но го откриле сосема спротивното. И самите биле изненадени од резултатот кој покажал дека зголеменото ниво на хормонот кој предизвикува киселини, всушност предизвикува раст на бебешката коса.

Полна месечина

Не, не си измислувате дека вашите деца се малку нерасположени кога има полна месечина. Оваа бапска приказна се прераскажува со векови, поточно дека некои луѓе го менуваат расположението.

Генерално, истражувачите допрва треба да докажат дека однесувањето, плодноста и наталитетот се погодени со лунарната шема. Но, една студија докажала дека некои луѓе потешко спијат за време на полна месечина.

Клинот со клин се избива



Ако претходната вечер сте претерале со алкохол и се чувствувате мамурно, бабите веднаш ќе ви кажат само да се напиете уште една чаша алкохол за да ви биде подобро.

Но, дали ова е вистина? Науката вели дека е. Истражувачите покажале дека консумирањето на мали дози алкохол всушност може да го олесни мамурлакот, но треба да внимавате. Всушност ублажувањето на мамурлакот на овој начин може да ја зголеми зависноста од алкохол. Па за да го избегнете ова, пред спиење напијте се голема чаша вода.

Бројте овци за побрзо да заспиете

Старите жени ги советуваат децата кои не можат да заспијат, да ги затворат очите и да бројат овци. Се претпоставило дека се во право.

Сепак, немало некоја посебна студија која го докажала ова, но користењето на визуализација или ментални снимки може да помогне побрзо да заспиете. Како? Тоа ќе ви помогне да ги оттргнете мислите од стресното размислување или анксиозните мисли кои се често поврзани со несоница.

Сирењето може да предизвика чудни соништа



Долго време не се верувало во тоа дека консумирањето на сирење или млечни производи пред спиење може да предизвика чудни соништа, но едно истражување во Велика Британија го докажува сосема спротивното.

Научниците тестирале 200 испитаници кои пред спиење јаделе различни видови сирења, па резултатите покажале дека повеќето од нив имале чудни соништа.

Масните риби се храна за мозокот

Врската меѓу омега-3 масните киселини и масните риби навистина постои и е добро позната.

Масните киселини кои се наоѓаат во рибите докажано ја подобруваат спроводливоста меѓу мозочните клетки и на тој начин го подобрува делувањето на мозокот. Едно истражување дури и покажало дека со редовната консумација на риба, расте мозокот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *