Ја знаеме од “Семејството Адамс“, а погледнете како славната актерка изгледа денес

popara24 септември, 20151min00
10

Кристина Ричи (35) важи за една од најталентираните актерки од нејзината генерација, а се прослави во кино салите уште како шестгодишно девојче кога играше покрај Шер и Винона Рајдер во филмот „Сирени“ во далечната 1990 година.

Публиката веднаш ја освои со својата неодолива смисла за хумор, а после овој филм понудите за улоги почнале да се редат една по друга. Следната голема улога по која ја паметиме, секако е улогата на Среда во култниот римејк на „Семејството Адамс“ каде што уште еднаш брилјираше покрај големите имиња на холивудската кинематографија.

Покрај споменатите два филма, таа се појави и во „Параноја во Лас Вегас“, „Заспаната долина“, „Црвенкапа“, „Пенелопе“ и многу други.

Атрактивната актерка и понатаму е многу харизматична, духовита и убава, а со својот талент продолжува да гради кариера во Холивуд не само како актерка,туку и како режисерка, сценаристка и продуцентка.

Покрај тоа, оваа млада актерка е многу активна на социјалните мрежи каде што често се шегува на сметка на нејзината височина и поставува духовити фотографии на кои покажува колку всушност е малечка.