
Јахтите на милијардерите привлекуваат погледи каде и да се појават, но благодарејќи на компанијата “Мигало прајват сабмаринс“ наскоро изгледа дека ќе се појави нов хит меѓу богаташите.
А станува збор за приватни мобилни острови. Станува збор за концепт што во моментов звучи малку лудо, но само е прашање на време кога некој милијардер ќе собере храброст и ќе нарача Кокомо ајланд, што претставува мобилен остров кој со еден дел е закотвен во вода, а нуди луксуз како што може да се сретне само во првокласните хотели.
Островот може да се изгради според желбите на клиентот, а штом стигне првата нарачка може да се започне со производство.
Што се однесува до цената портпаролот на компанијата тврди дека цената ќе зависи од желбата на купувачите.




