
Интервенциите кои што ги направила Кајли бараат и дозвола од родителите, па многумина претпоставуваа дека Крис аналогно на тоа и се сложува со интервенциите на својата ќерка. Сепак, таа тврди дека ниту најмалку не се сложува со посетите на пластичниот хирург кои што ги направила нејзината ќерка.

– Навистина се вознемирив, но кога веќе тоа го направи, јас немав што друго да направам. Таа е мое дете, а јас го сакам своето дете. Сите ние правиме грешки, изјави Крис на прашањето за тоа што мисли за филерите кои што Кајли ги ставила во своите усни.
Кајли долго време и одбиваше да признае дека ги зголемила усните, иако фотографиите од претходниот период јасно ги покажуваа разликите. Во почетокот, младата ријалити ѕвезда тврдеше дека нејзиниот нов изглед е последица од новите техники и начини на шминкање кои што таа ги усовршила, но после притисоците на јавноста, таа призна дека нејзините усни сепак не се “дело на природата”, ниту дело на шминкерските вештини.
– Ставив привремени филери во усните. Тоа е нешто што просто сакав да го направам, изјави тогаш Кајли.

Во меѓувреме, медиумите започнаа да негодуваат околу имплантите во градите и задникот, но потврди за сето ова сè уште нема. Напротив, Кајли повторно се обидува да се оправда пред публиката, тврдејќи дека за нејзиното бујно деколте е виновен само одличниот градник, но повторно, старите фотографии велат дека младата Кајли најверојатно и уште еднаш се одлучила да побара хируршка помош. Признанието го очекуваме во догледно време.
Во интервјуто за “Access Hollywood” Крис призна дека не било лесно да се одгледа дете како Кајли, но и за прв пат отворено проговори за сопствените пластични операции.

Иако медиумите тврдат дека сите припаднички од кланот Кардашијан-Џенер се редовни посетители на пластичниот хирург, мајката и воедно менаџерот на ова семејство, тврди дека првата интервенција на себе ја направила пред 10 години.