Причината за смртта на ќерката на Витни Хјустон утврдена, но не може да биде објавена

popara29 септември, 20151min00
09

Судската медицина ја утврдила причината за смртта на единствената ќерка на американската пејачка Витни Хјустон, Боби Кристина Браун, меѓутоа резултатите од обдукцијата не може да бидат објавени, бидејќи постои забрана за тоа.

Во соопштението на канцеларијата на Судската медицина во округот Фултон, забраната за откривање на поединостите од обдукцијата на Боби Кристина Браун била наложена од повисокиот окружен суд. Обвинителот на округот и полицијата во градот Розвел биле известени за резултатите од обдукцијата, пренесува агенцијaта Associated Press.

Боби Кристина Браун почина на 26-ти јули во болницата во сојузната американска држава Џорџија, на 23 годишна возраст, откако неколку месеци беше во кома. Таа на 31- ви јануари, беше најдена во бесознание во када од нејзиното момче Ник Гордон, кој цел живот живееше во нејзиното семејство, а таа почна да го нарекува нејзин сопруг.

Девојката беше хоспитализирана во болница во Атланта, каде што беше ставена во состојба на индуцирана кома и приклучена на респираторни апарати.

Продолжува истрагата за смртта на девојката, при што блиски лица на Браун се осомничени за вмешаност во несреќата.

Единствената ќерка на американската поп дива Витни Хјустон од бракот со R&B пејачот Боби Браун, беше погребана на 3-ти август покрај мајка ѝ на гробиштата Феарвју во државата Њу Џерси. Таа имаше близок однос со мајка ѝ која почина во 2012 година, како последица на давење во када по земање големо количество кокаин.