Жените кои веќе долго време се во брак велат дека за човекот со кого решиле да го поминат остатокот од животот во еден момент од нивната врска сфатиле дека токму тој е вистинскиот. Како? Едноставно знаеле. Меѓутоа, на тоа може да ви укажат и следниве знаци.
1. Потполно е посветен на вас и вашата врска
Секоја врска мора да има свои подеми и падови, многубројни убави, но и лоши моменти. Вистинскиот маж ќе го препознаете по тоа што е потполно посветен на вас и вашата врска, не само кога сè е совршено и во најдобар ред, туку и во моментите кога не оди сè баш онака како што сте замислиле и како што треба.
2. Тој не ги избегнува проблемите
Вистинскиот маж секогаш ќе настојува да го решите проблемот и нема да го „става под тепих“. Тоа е еден од најдобрите начини да ја одржите вашата врска таква каква што треба да биде, бидејќи во спротивно во еден момент може нешто помеѓу вас да „пукне“, па на вашиот партнер (или тој вам) да му кажете нешто што не сте сакале. Затоа вистинскиот маж, дури и најголемите проблеми, ги решава во вистинскиот момент и никогаш не ги остава настрана.
3. Обрнува внимание на малите нешта
Ситниците го одредуваат животот, па затоа вистинскиот маж, тој кој секогаш ќе ве сака, ќе обрнува внимание и на тие, наизглед, небитни работи. „Ситниците го создаваат животот, ситниците се среќа“ – било кажано некогаш, а мажот кој ве сака вистински, сака да бидете потполно и неизмерно среќни.
4. Тој е паметен и мудар
Жените се заљубуваат во мажи кои се паметни, мудри и духовити, па вистинскиот маж ќе настојува секој ден да ве изненадува сè повеќе и повеќе. Нема ништо поубаво од тоа секој ден повторно и повторно да се заљубувате во љубовта на вашиот живот.
5. Сака да се чувствувате добро во своја кожа
На мажот кој навистина ве сака, секогаш во очите можете да му ја забележите целата љубов која ја чувствува кон вас, но и целата ваша убавина. Тој секогаш ќе ви кажува колку ве сака, колку сте му убава и посебна, па и да не ви го каже тоа, вие тоа ќе можете секогаш да го видите во неговиот поглед.
6. Вашите проблеми се и негови проблеми
Мажот кој ќе ве сака цел живот нема да бега во оној момент кога ќе му ги кажете вашите проблеми, туку ќе биде со вас како поддршка, и ако може, ќе ви помогне да ги решите.
7. Се смее на вашите грешки
Вистинскиот маж вашите грешки, не само оние малите, туку и поголемите, секогаш ќе ги прифаќа со насмевка. Меѓутоа, тоа не значи дека вие треба да претерувате со правењето грешки, бидејќи секогаш постојат оние кои се недопустливи и непростливи.
8. Своите грешки ги сфаќа сериозно
Истото важи и за ситуациите кога тој ќе погреши. Но, вистинскиот маж сериозните грешки ќе ги согледа онакви какви што навистина се и ќе се обиде да ги исправи, т.е. нема да бега од нив или потполно да ги одрекува.