Да, овие места навистина постојат.
Не станува збор за сон или халуцинација, тие навистина се наоѓаат на нашата планета. Па ако не сте ги виделе досега, уживајте.
Полиња со лаванда, Франција
Во летните месеци, во делови во Франција можете да видите полиња со виолетови цветови кои имаат неверојатен мирис, а кои се чини како да немаат крај.
Процида, Италија
На овој мал остров се наредени куќи во бои на бонбони кои стојат гордо спроти прекрасното сино море на Медитеранот.
Реката Caño Cristales, Колумбија
Оваа река уште се нарекува и “река од бет бои“. Биолошкото чудо се претвора во црвена боја секоја есен благодарение на тоа што процветуваат ретки видови на растенија.
Езерото Ретба, Сенегал
Оваа розова боја на езерото, е резултат на бактерија која никако не му штети на човекот.
Полиња со лалиња, Холандија
Во текот на пролетта, беспрекорно создадените лалиња во Холандија процветуваат во неверојатно прецизен спектар на бои.
Големиот корален гребен, Австралија
Ова светско чудо е дом на повеќе од 400 видови на корали, 500 видови на алги и 1,500 видови на риби, а како доказ за тоа е неверојатната палета на бои.
Луопинг, Кина
Пространите фарми на оваа драматична, планинска земја во источна Кина станува “златно море“ кога цвета канолата.
Долината на цвеќињата национален парк, Индија
Ова светско наследство, сместено наспроти Хималаите, е покриено со живописни цветови. Иако секогаш изгледа неверојатно, врвот го достигнува на зајдисонце.
Схибазакура Хил, Јапонија
На пролет, областа на подножјето на планината Фуџи еруптира со илјадници цветови во розова боја.
Езерото Натрон, Танзанија
Ова плитко езеро е полно со сол и е толку солено што е сосема неподобно за било каква флора и фауна. Па затоа има неверојатно црвена боја и електрично портокалови брегови.