Наташа Беквалац се појавила во никогаш попровокативно издание на роденденската прослава на магазинот „Story“, одржана во Белград. Пејачката изгледала секси како никогаш и гордо се прошетала по црвениот тепих.
Атрактивната Наташа се појавила во долг бел фустан, насмеана и одлично расположена, а она што на сите им „падна“ во очи било деколтето на пејачката и одличната фигура.
Убавата Наташа изгледала бомбастично, а судејќи по ведрината и сексапилот со кој зрачела додека позирала нема сомнение дека е исполнета и сакана, како на приватно така и на деловно поле.
За комплетниот стајлинг на црвениот тепих била заслужна нејзината помлада сестра Кристина Беквалац.