Со оваа вежба за стомачните мускули истите ќе се исцртаат на вас за краток период

popara2 октомври, 20151min00
14

Доколку сè уште немате започнато со тренинг кој ќе ви го даде совршеното тело за само еден месец до летото, подобро е веднаш да се фатите за работа.

Не е потребно многу да вложувате, ниту пак да си скратувате од слободното време за тренинг, посебно доколку се работи за стомачните мускули.

Постојат брзи и напорни вежби кои може да ги правите 5 минути секој ден и да ги извадите стомачните надвор за само еден месец, а оваа е само една од нив.

Вежбата делува најмногу на долниот дел на стомачните мускили, но и го израмнува стомакот во целина.

Се прави во три чекори, при првите тренинзи 10 вежби по 3 пати, а после една недела двојна доза од 20 вежби по 3 пати во текот на денот.

Потребно е да ги правите вежбите правилно и редовно доколку сакате видлив резултат. Чекорите на вежбата се претставени на следната фотографија.

so-ovaa-vezba-za-stomacnite-muskuli-istite-ke-se-iscrtaat-na-vas-za-kratok-period-2

Легнувате на грб со рацете испружени покрај телото и започнувате со кревање на нозете, целосно исправени од земјата до прав агол.

Многу е важно при спуштањето на нозете, истите да не ги спуштате целосно на зејма, туку да држите мало растојание и повторно да ги испружувате до прав агол.

Доколку сакате малку повеќе напорен тренинг кој ќе делува на целосните стомачни мускули, погледнете го следното видео кое ќе ви ги покаже соодветните вежби.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma