Роберт Семјуел од Њујорк себеси се смета за одличен бизнисмен бидејќи со својата работа „Same Ole Line Dudes“ заработува околу 1.000 долари неделно. Што поточно прави?
Неговата работа е прилично едноставна – седи и чека ред наместо другите, а своето чекање го наплаќа по час. Тоа најчесто го прави кога се пушта во продажба некој ексклузивен производ или мобилен телефон, карти за филмски премиери…
Понекогаш чека сам, но понекогаш и заедно со својот тим на професионалци кои работат за него. Цената за првиот час чекање е 25 долари, а 20 долари за секој нареден час.