6 навики кои нè прават тажни

popara5 октомври, 20151min00
14

Иако лошото расположение неретко може да биде предизвикано од работи кои не се во наша контрола сепак тоа не мора да значи дека мора да го тераме животот „како што нè носи водата“. Токму спротивно, треба да им пружите отпор на лошите работи и негативниот став кој ви ги носи животот со цел да го надбродете тоа.

Доколку постојано чувствувате дека сте под стрес, голема е веројатноста дека дошло време да напуштите одредени стари навики. Тоа можеби е личноста со која сте во врска, пријателката со која секојдневно се гледате или вашата работа…

Иако факт е дека за лошото расположение постои цела низа на можни причини, некои од нив се јавуваат почесто од другите и се вовлекуваат во нашето секојдневие, нарушувајќи го и без наша дозвола. Ви претставуваме список на неколку лоши навики кои нè прават несреќни:

Им дозволувате на насилниците да ве малтретираат

Околу 35% од вработените Американци имаат доживеано барем некаков облик на насилно однесување на работа. Доколку некој ве малтретира континуирано, тој период би можел да ви нанесе сериозни последици на вашата ментална состојба.

Имате погрешно држење на телото

Како се чувствуваме може да влија на тоа како одиме, но и обратно. Доколку се држиме исправено, ќе се чувствуваме подобро и ќе размислуваме попозитивно.

Фотографирате сè и сешто

Се трудите да го забележите секој момент со цел да го споделите со вашите пријатели на друштвените мрежи? Можеби залуденоста со камерата и мобилниот телефон стои на патот помеѓу вас и уживањето во тоа што го правите. Наместо да го фотографирате баш секој аспект од вашиот живот, подобро проживејте го моментот и добро запомнете го.

Не вежбате

Доколку вежбате само 3 пати неделно  шансите за лошо расположение ќе ви се намалат за дури 19 проценти. Недоволното движење, односно недостатокот од телесна активност, лесно ќе ве вовлече во лошо расположение.

Одолговлекувате

Повеќето луѓе ги одложуваат своите обврски од бројни причини но тоа може да има исклучително негативни последици на вашето расположение, како стрес и напнатост.

Се наоѓате во лоша врска

Романтичната врска неретко може да влије на вашето целокупно расположение. Доколку постојано сте под стрес, постои голема можност да треба да размислите за тоа колку сте среќни со вашиот партнер. Тој никако не би требало да биде личноста која ќе ви предизвикува чувство на помала вредност или неспособност. Истото важи и за вашите пријатели.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag