BMW 3.0 CSL Hommage

popara5 октомври, 20151min00
23

Далеку назад во 1972 година, BMW 3.0CSL беше креиран за да ги задоволи стандардите на Европскиот тркачки шампионат. Производството на овој модел беше релативно кратко и заврши во 1973 година, со драматични модификации во изгледот вклучувајки спојлер на кровот, и спојлер на задниот дел во стилот на бетмобилот.

Сега од BMW се обидуваат да го испочитуваат овој модел креирајки го неговиот наследник BMW 3.0 CSL Hommage. Надворешниот дизајн на автомобилот е доста храбар со слични елементи како неговиот претходник, со преден и заден спојлер кои се вклопуваат во телото на автомобилот. Додека во далечните 70-ти алуминиумот беше прв избор на тркачките автомобили, сега несомнено доминира изработката од јаглеродни влакна. Таков е и случајот со овој модел. BMW се одлучи за жолта боја на автомобилот, што е несвојствено за нив, меѓутоа сепак автомобилот изгледа одлично.

bmwc2 bmwc3 bmwc4 bmwc5