Не е евтино да се биде атрактивен. Колку чини трансформацијата на Клои Кардашијан?

popara5 октомври, 20152min00
24
Трансформацијата на Клои Кардашијан во последните неколку месеци речиси е нереална. И додека ријалити ѕвездата тврди дека нејзиното тело е последица на строга диета и тренинг, многумина се сомневаат во тоа. Како и да е, Клои изгледа одлично, но за новиот изглед морала многу да плати. Буквално.

Најголемата промена е промената на нејзината тежина. Клои секогаш важеше за најкрупната меѓу своите сестри, а често и јавно зборуваше за своите проблеми со килограмите. Пред дефинитивно да успее да ослабе, пробала многу диети, за на крајот да се посвети на секојдневно вежбање со личен тренер.


Нејзин тренер е Гунар Петерсон, познат тренер на славните личности, чии услуги чинат 130.000 долари годишно. Изворите тврдат дека Клои ослабела повеќе од 20 килограми, а во тоа помогнале ригорозна диета и редовни тренинзи.

Но, дали само диетата, тренингот и поинаквата шминка од Клои направија секси дива?


Извор за магазинот „Star” тврди дека таа, исто како и нејзините сестри посетила пластичен хирург. Во овој магазин тврдат дека Клои направила операција на носот вградила импланти во градите, направила бразилско затегнување на позадината, како и неколку пати липосукција.

„Клои исто така го стеснила желудникот за да успее да јаде помалку“, открил извор близок до семејството Кардашијан.

Покрај тоа имала и неколку неинванзивни, но скапи интервенции, како што се вбризгување ботокс и филери во лицето, но и отстранување на тетоважи и ласерско затегнување на кожата.

Исто така, Клои е зависник од спа третмани и редовно оди на пилинзи на лицето. Меѓу козметичките третмани кои редовно ги применува се и ласерско отстранување на влакненца на лицето и телото, како и потемнување на тенот со прскање со растителни бои на кое оди секој втор ден.


Ако ги погледнете нејзините слики од пред само неколку години, ќе видите дека Клои повеќе пати ја сменила фризурата и бојата на коса, а колку ужива во тоа кажува фактот дека на средување на косата оди секој ден.

Секако, новото тело го следи и нов изглед, поатрактивен и посексапилен од оној на кој сме навикнати. Уште еден повод за одење во шопинг, кој сестрите Кардашијан го обожуваат.

„Клои има потрошено повеќе од милион долари за облека во последните две години откако се разведе од сопругот“, открил изворот за магазинот „Star”.


Не е евтино да се биде атрактивен. Новинарите пресметале дека Клои потрошила повеќе од три милиони долари за својот изглед. Но, судејќи по тоа колку заработуваат сестрите Кардашијан, се чини дека им се исплатило.

А, вака изгледаше претходно… Има разлика, нели?