
Седумнаесетгодишниот Андреј Ретровски почина во трагична несреќа по позирање за фотографија додека виси на зграда од деветти кат, пишува PetaPixel.
Андреј често го ризикувал сопствениот живот со искачување по кровови на згради и снимал опасни селфи фотографии за да ги објавува на Instagram. Минатата недела тој се искачил на врвот на зграда со пријател, надевајќи се дека ќе направи фотографија на која ќе изгледа како да паѓа од зградата. За жал, безбедносното јаже паднало, а момчето ја загубило рамнотежата и паднало од деветти кат.
Иако бил префрлен во болница Андреј по два часа починал од здобиените повреди.
На неговиот Instagram можат да се видат различни фотографии направени на опасни места. Трагичната приказна на Андреј треба да биде предупредување на сите оние кои го ризикуваат животот за правење опасни селфи фотографии.

