Каков “шамар” за Никол Кидман!

popara7 октомври, 20151min00
8

Посвоената ќерка на актерката и нејзиниот поранешен сопруг Том Круз, Бела (22), се венчала со Макс Паркер во Сиентолошкиот центар во Лондон кон крајот на септември. Но, нејзината мајка не била на листата на гости, пишува “Daily Mail”.

После разводот со Том, Никој од страна на сиентолошката вера беше прогласена за “негативна личност” која би требало да се избегнува по секоја цена.

Покрај Бела, Том и Никол го посвоија и Конор, кој денес има 20 години. Актерката со сегашниот сопруг, пејачот Кит Урбан, има две ќерки, седумгодишната Сандеј и петгодишниот Фејт.