Ријана после шест години прозборе за насилната врска со Крис Браун

popara8 октомври, 20151min00
3

Во интервјуто за “Vanity Fair”, Ријана отворено прозборе за бурната врска со Крис Браун, кој физички ја злоупотребуваше. Иако тоа се случи уште во 2009 година, пејачката дури сега реши да зборува на темата.

“Насилството не е нешто што би требало да го туркаме под тепих, така што не можам да се преправам дека тоа не се случи или да мислам дека тоа не е нешто сериозно”, изјави убавицата од Барбадос.

“Но, во мојот случај, како и во случајот на секој кој бил жртва на вакво злоупотребување, околината не сака да го памети тоа. Никој не сака да признае дека тоа се случило”, објаснува Ријана наведувајќи дека секое спомнување на тој случај во друштвото предизвикува негативни реакции.

“Никогаш не го разбрав тоа. Како жртвите на насилство да се казнувани за тоа повторно и повторно”, додава таа.

Ријана призна дека после извесно време посакала да се врати во животот на Крис, бидејќи верувала дека таа позитивно влијае на него и дека може да го спаси.

Пејачката тврди дека повеќе не е во контакт со Крис, иако вели дека не го мрази и дека се грижи за него, а тоа ќе биде така и во иднина.

Ријана исто така ги коментираше и негативните страни на славата, вклучувајќи ги и проблемите со кои пробува да се избори.

“Тоа е страшно и тажно во исто време, но јас буквално сонувам за тоа да одам сама и да си купам намирници за дома”, признава таа.