За модниот бренд „Викторијас сикрет“ работат некои од најубавите жени на светот, но се чини дека и тие треба да се „поправаат“. Не е тајна дека пред објавување на некоја фотографија да се користи Фотошоп, но проблемот доаѓа доколку се претера со разубавувањето и дотерувањето.

Модниот бренд на својот профил на Фејсбук објави фотографија од манекенка снимена од грб, а бројни корисници на социјалната мрежа забележале дека нешто не е во ред со фотографијата. Колковите на манекенката се ставени во невозможна положба, и недостасува половина задник и дел од раката.

Фотографијата предизвикала бројни реакции, а поголемиот дел од корисниците не можеле да сфатат зошто толку го користат Фотошопот кога не им оди од рака.

– Човеку зошто едноставно не ги остават на мир тие фотографии? Го одобрувам отстранувањето на акни или белези , но тоа е тоа – гласи еден од коментарите на револтираните корисници.

– Каква чудна фотографија. Таа не изгледа нормално, а ретуширањето е повеќе од очигледно. Зошто? Ова е напросто чудно – напишал друг корсиник под фотографијата.

Со оглед на тоа што вакви грешки веќе им се случувале, многумина почнале и со навреди и критики на начинот на работа и за тоа како во модната индустрија се перцепира женското тело.