
Дванаесетгодишна тинејџерка која останала бремена откако имала секс со 19-годишно момче, ќе стане најмладата мајка во Англија доколку ја изнесе бременоста до крајот.
Полицијата во Белфаст потврдила дека 19-годишното момче е уапсено во четвртокот откако семејството пријавило дека нивната 12-годишна ќерка останала бремена. Момчето сега се соочува со доживотна казна затвор, бидејќи е обвинето за силување, имајќи предвид дека имал секс со девојче помладо од 13 години.
Според британскиот закон, девојчињата помлади од таа возраст не се способни свесно да се согласат на секс, така што лицата кои стапуваат во сексуален однос со нив се обвинуваат за силување.
Најмладата тинејџерка – мајка во таа змеја се породи во април годинава кога имаше 12 години и три месеци, а детето го доби со своето 13-годишно момче. Двајцата се ученици во основно училиште. Тие тогаш изјавија дека многу се сакаат, а се верува дека тие се и најмладите родители во Велика Британија.
Од 1998 година, стапката на зачнување на лица помлади од 18 години се намалила за 47,9 отсто. Заводот за статистика на Велика Британија смета дека причината за тоа е унапредената сексуална едукација. Како причини се наведени и желбите на младите жени да се едуцираат и да имаат кариера, како и стигмата која ги следи тинејџерките-мајки.