Сопругата на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, Јелена , важи за дама со префинет вкус и истенчен стил, особено кога станува збор за облекувањето.

Модните експерти на пропуштаат да искоментираат како таа се појавува во јавноста, каква фризура носи но и каков накит избира кога нејзиниот сопруг победува на тениските терени.


Посебно внимание привлекле нејзините дискретни и елегантни обетки кои Јелена ги носела додека го бодрела својот сопруг, пренесуваат српските медиуми.

Станува збор за обетки во облик на лист направени од 18-каратно бело злато, опточени со дијаманти со по еден прекрасен бисер од јужните мориња. Овие обетки се рачна изработка од една јувелирска куќа, а нивната цена е околу 11.300 евра.

Jelena Gjkovic obetki