Атрактивната ќерка на фудбалската ју-легенда, Драган Џајиќ, 24-годишната Драгана Џајиќ по која мечтаат многу мажи на Балканот, освен што важи за една од најпосакуваните џетсетерки во регионот таа не го запоставува ниту своето образование и пред неколку месеци дипломираше на Универзитетот во Монако на одделот „Luxury menagment“.

За српски „Блиц“ таа проговорила за „непристојните понуди“ и открила дека таков вид на врски за една ноќ воопшто не ја привлекуваат бидејќи себе си се смета за многу емотивна и девојка.

– Многу сум романтична и понекогаш се чувствувам како да сум од 15-тиот век – признала Џајиќ.

Драгана признала дека многу вложува во себе и во своето образование, и дека во моментот нејзината кариера е на прво место.

– Многу вложувам во себе. Образованието ми е главен приоритет, но исто така ми е многу важно да бидам убава и негувана. Имама 24 години , малда сум. Не мислам дека сум чудо на природата. Водам сметка за моето лице, изгледот, косата. Тренирам од мојата шеста година, завршив училиште за балет и мислам дека кога човек води сметка за себе, тоа се забележува – вели Драгана, која признава дека не им дозволува на мажите да и приоѓаат на непристоен начин..

Драгана е позната и по тоа што на социјалните мрежи редовно објавува секси фотографии на кои во преден план се нејзините раскошни облини.

-Не сум имала негативни искуства со мажите. Секогаш им давам до знаење дека покрај себе сакам културно и фино момче – вели оваа девојка.

Драгана која веќе три години живее во Монако во моментот е во Белград каде што деновите ги користи за уживање во ноќниот живот. Таа не отркива многу детали за својот емотивен живот, а на јавните случувања воглавно се појавува со своите пријателки или семејството. Затоа чести се коментарите дека мажите се плашат од нејзината убавина и дека поради тоа таа нема партнер.

675390_dragana-dzajic-foto-goran-srdanov_ff