Ослабев осум килограми, моментално сум на хроно диета. Решив да го променам начинот на исхрана првенствено поради здравје, но и за да изгледам подобро, рекла Дара за еден српски магазин.
Активна сум и во теретана, па сега редовно вежбам. Морам да признаам дека не ми е тешко. Едноставно решив да изгледам поинаку, да живеам здраво. Полна сум со енергија, настапувам секој ден, рекла Дара Бубамара.
Дара Бубамара веќе со години се бори со килограмите, кои никако да ги намали. Иако повеќе пати велела дека е ослабена, фотографиите сепак го зборуваа спротивното. Овој пат резултатот е навистина видлив.