Многубројни бразди и празнини од воден мраз забележале научниците на џуџестата планеа Плутон со помош на фотографиите направени од системот за обработка на снимките направен до сондата New Horizons, објави о четвртокот вечерта американската агенција за вселенски истражувања NASA.
Мразот бил откриен на снимките направени во рамките на мапирањето на површината на планетата со системот за обработка на снимките Ralph/Multispectral Visible Imaging Camera и Linear Etalon Imaging Spectral Array (LEISA), кој е инсталиран на вселенската сонда New Horizons.
Научниците истакнуваат дека во рамките на проучувањето на Плутон ќе се обидат да разјаснат зошто во одредени области на оваа планета мразот е на површината.
Сондата New Horizons беше лансирана во јануари 2006 година, а една година подоцна мина крај планетата Јупитер на рекордно блиско растојание од 2,3 милиони километри, предавајќи до Земјата многу важни информации за атмосферата и мангитосферата на оваа планета, и исто така и за нејзините сателити. Потоа уредот го продолжи своето вселенско патешествие во режим на хибернација за да ги сочува потенцијалите на опремата која е инсталирана на него.