Досега необјавени снимки од нуклеарни проби кои ги извршиле САД во Невада 1955 година излегоа во јавност.
Станува збор за четири атомски експлозии во рамки на „Операцијата Чајник“, јавуваат агенциите.
Операцијата се состоела од 14 нуклеарни проби во Невада, а имала за цел подобрување на американскиот нуклеарен арсенал и понатамошен развој на тактиките на копнените сили.
Пробите 1954 година ги одобрил претседателот Двајт Ајзенхауер.