Таа толку го сака својот татко, што прекина воена парада за да го гушне

popara11 октомври, 20151min00
Таа толку го сака својот татко, што прекина воена парада за да го гушне

Девојченцето кое не го видела својот татко девет месеци, за кое време тој бил на Средниот исток, не се грижеше за воениот протокол и кога го здогледа својот татко меѓу војниците, веднаш му истрча во прегратки.

Имено, за време на воената парада за добредојде во центарот на вниманието се најде едно девојченце кое го напушти своето место и истрча кон еден од војниците.

Поручникот Даниел Огелсби бил отсутен девет месеци од дома и неговата ќерка Карас не сакаше да чека повеќе за да го гушне.

Таа скокна од своето седиште, истрча преку салата и го зграпчи својот татко за ногата, а тој се наведна, ја гушна и и рече да се врати на своето место.

Војниците во Колорадо се вратиле од Кувајт, каде биле обучувани за борба против припадниците на Исламската држава.

https://www.youtube.com/watch?v=MwFLv454YX0