Момчето на Боби Кристина ѝ вбризгал отровен коктел и ја влечел по подот

popara11 октомври, 20151min00
9

Ново обвинение е подигнато против момчето на Боби Кристина Браун, која почина во јули годинава по шестмесечна кома. Ник Гордон е обвинет за тоа дека ѝ инјектирал мешавина од отровни материи во телото на партнерката и ја ставил во кадата во која таа беше пронајдена од полицијата во несвест – пишува „Ентртејмент онлајн”.

Роднините на починатата девојка ќе го тужат и за 10 милиони долари под сомнение дека ги украл од Боби Кристина додека била во кома. Новото обвинение е покренато од заштитникот на Боби Кристина.

Во претходно варијанта на обвинението, исто така било запишано дека е имало отровен коктел, но не станувало збор за инјекција. Гордон сеуште не е уапсен за смртта на неговата девојка.

На 31. јануари ќерката на музичките ѕвезди Витни Хјустон и Боби Браун беше пронајдена во несвест во кадата во својот дом, во кој живееше со Ник Гордон. Тој тврдеше дека ја нашол така и повикал полиција.

Подоцна по телото на Боби Кристина беа откриени сомнителни траги од насилство и започна истрага за тоа дали Гордон ја тепал.