Уморни сте и по цел ден ви се спие? Ви недостига овој клучен минерал, кој мора веднаш да го надополните

popara11 октомври, 20151min00
10

Доколку сте постојано уморни и имате проблеми со спиењето како и да пронајдете енергија за вежбање тогаш ви фали овој клучен минерал.

Еден од најважните минерали е железото и тоа е од суштинска важност за енергијата, бидејќи е камен темелник за црвените крвни зрнца кои го транспортираат кислородот низ телото – што објаснува зошто чувствувате константен умор.

Доколку сте бледи, тоа е уште еден знак дека имате недостаток на железо, потоа чувствувате дека губите здив, поточно дека ви е краток и дека срцето ви „лупа“.

Но, постојат уште многу начини кои покажуваат дека вашето тело ве предупредува на недостатокот од железо.

Останатите симптоми се главоболка, вртоглавица, зуење во ушите, губење на косата, студени раце и нозе, се мачите при голтањето, чувствувате чешање, имате нарушен сон, недостаток на апетит, болка во стомакот…

Истражувањата покажале дека во ризичната група сељубителите на теретаната и вежбањето.

Студијата покажала дека една од три испитани жени, кои се спортистки, имаат намалено железо, па најчеста болест кај нив е клиничката анемија.

Црвеното месо е еден од најбогатите и најкорисни извори на железо, па тоа ќе ви обезбеди три пати повеќе железо отколку пилешко или 250% повеќе од брокулата.

Железото е од суштинска важност за енергијата. Еден од најлесните начини да се зголеми издржливоста е да се зголеми внесувањето на црвено месо и тоа 70 грама дневно.