На Анџелина Џоли и останале уште три години живот?

popara11 октомври, 20151min00
16

Наспроти тешките операции, актерката не верува дека ќе ги доживее четириесеттите, а составила и листа на желби кои сака да ги оствари пред замине засекогаш.

jo500

Иако пролетта превентивно ги отстрани двете дојки за да не умре од рак, како нејзината мајка Маршелин, Анџелина Џоли (38) смета дека нема уште долго да живее.

Извoрите блиски до неа тврдат дека актерката е сигурна дека нема да ја доживее 45 година, а верува дека и останале три или пет години живот, пишуваат американските таблоиди. Затоа Анџелина се обидува максимално да го искористи времето кое и останало.

1jo500

Направила листа на цели кои сака да ги оствари пред смртта. Таа прави се за да биде поздрава, но е уверена, со оглед на медицинската историја на нејзиното семејство, дека ниту двократната мастектомија нема да и го спаси животот. Кажала и дека ќе ги отстрани и јајниците бидејќи тестовите покажале дека има ген кој предизвикува рак.

2jo500

Анџелина беше скршена по смртта на нејзината мајка во 2007 година. Најави дека ќе ја глуми во филм кој ќе го продуцира нејзиниот сопруг Бред Пит(49) со кој Анџелина има три биолошки и три посвоени деца.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *