
Синоќа македонската јавност имаше прилика да се запознае со уникатниот концепт на првото македонско музичко реално шоу, наречено “На иста адреса“, да ги запознае младите талентирани учесници, како и дел од професионалците чија задача е да создадат нови ѕвезди на македонското музичко небо.
Ова се имињата на учесниците кои веќе се наоѓаат во вилата, а еве ги и термините за да бидете постојано во тек со она што се случува во куќата:
8.30-9 наутро, од 3-5 попладне, од 8.30-10 навечер и некој минут пред полноќ, или во превод 5-7 часа одлична Забава за сите во Македонија.
Уживајте со овие прекрасни, млади, успешни луѓе со одлични вокали:
Илија Петровски
Зои Блаж
Игор Митровиќ
Миа Морина
Валерија Димовска
Алмир Исмаили
Вики Јованџикова
Горан Ристовски
Стефан Давидовски
Марија Груевска
Марио Арангеловски
Александра Михова



















