Во попладневниот термин од 15:00 часот, учесниците на НА ИСТА АДРЕСА добија задача да имитираат познати машки и женски изведувачи.
Интересно е тоа што ќе имаат само неколку часа да се подготват за истите, а тоа значи: да научат текст, однесување на сцена, гестови, фацијални изрази.
Според продукцијата, ова е одлична можност да се покажат едни од главните адути на учесниците: креативноста, способноста за брза реакција и учење, театралност.
Нам ни останува да се вклучиме во живо на Алфа ТВ, во 20:30 минути, да ги погледнеме имитациските интерпретации на НИА учесниците и да си одбереме фаворит/и.
КАКО ЌЕ ИЗГЛЕДААТ ИМИТАЦИИТЕ…ЌЕ СЕ ПОДГОТВАТ ЛИ НА ВРЕМЕ…КОЈ КОГО ЌЕ ИМИТИРА…ЧИЈА ИМИТАЦИЈА ЌЕ БИДЕ НАЈУСПЕШНА…
РАЗМИСЛЕТЕ И ПИШЕТЕ НИ:)
А, НИЕ ГО БАРАМЕ “СВИРКАЧОТ” ОД ПРОДУКЦИЈА…МОЖЕ ЌЕ НИ КАЖЕ НЕШТО:))))