Со неа се запознавме како мајка на змејовите во хит серијата „Игра на тронови“, а сега си доби и една „жешка“ титула. Актерката Емилија Кларк е прогласена за најсекси жена на светот од страна на американскиот магазин „Esquire“.
Таа е родена во 1978 година во Лондон. Во Британија пораснала и дипломирала на катедрата за глума на познатиот лондонски Драмски центар. На 13 години добила гостинска улога во британската телевизиска серија „Доктори“, но после тоа па до крајот на школувањето била посветена на театарските претстави.
28-годишната убавица важи за заводничка и кралица на големото платно, но и девојка од соседството, барем така тврди тимот на магазинот кој ѝ ја доделил титулата за најжешка жена во 2015 година.
– Таа може да биде жестока, но и пријателски настроена. Може да биде кралица, но и помлада сестра, убиец или девојка од соседството – пишува магазинот „Esquire“.
Емилија неодамна имаше и забележлива улога во новото продолжение на “Терминатор“, но срцето на обожавателите го освои со улогата во „Игра на тронови“ како шармантна русокоса.