Редовното вежбање спречува појава на депресија: Еве зошто

popara15 октомври, 20151min00
7

Дури и мал стрес, кој се јавува често, може да придонесе за појава на депресија и на други нарушувања на расположението, сметаат експертите.

Сепак вежбањето може да помогне во спречување на депресијата благодарение на досега непознатиот ефект на ангажираните мускули, велат резултатите од новите истражувања врз глувци. Научниците од Институтот Каролинска во Стокхолм го проучувале однесувањето на глувците при состојба на депресија, по неколку експериментални задачи што ги донеле во таа состојба. Потоа проверувале дали вежбањето го намалува ризикот од развој на депресија така што на глувците прво им дозволиле да трчаат. Голем број претходни истражувања покажале дека аеробните активности, и кај луѓето и кај глувците, поттикнуваат лачење на ензимот ПГЦ-1алфа во мускулите. Научниците претпоставиле дека овој ензим создава услови што штитат од депресија. За да проверат дали овие откритија се однесуваат и на луѓето, истражувачите избрале група возрасни доброволци, кои го поминале тринеделниот тренинг на издржливост (возење велосипед или трчање со умерено темпо од 40 до 50 минути). Стручњаците направиле биопсија на мускулите пред и по програмата и заклучиле дека по тринеделниот тренинг мускулите содржат значително повисоко ниво на ПГЦ-1алфа1 и на супстанцијата што го разградува кинуренинот одошто во почеток на студијата. Токму тоа доведе до заклучок дека ризикот од депресија може да се намали со редовно вежбање.