
Голем број домашни, но и регионални ѕвезди дојдоа да се простат за последен пат со него, а исто така голем дел од нив, секоја година на свој начин, споделуваат збор, два или пак фотографија како спомен од Тоше.
Јелена Карлеуша исто така е една од пејачите која вчера сподели фотографија на која е сликана заедно до Тоше Проески и во описот напиша – „Некои луѓе никогаш не се забораваат… И секогаш се жива рана на срце“.
