
24-годишната Моника Радуловиќ, Мис Универзум на Австралија го привлекла вниманието на британски „Дејли меил“. Сексипилната манекенка со српско потекло оваа недела се најде во центарот на вниманието на британските медиуми.

За оваа убавица „Дејли меил“ пишува во суперлатив, особено за нејзината совршена фигура.
Моника е родена во Завидовиќи, во централна Босна и Херцеговина, а имала четири години кога со своето семејство побегнала од војната во нејзината родна земја, и се преселиле во Австралија. Денес оваа девојка ја носи титулата Мис Австралија и ќе ја претставува оваа земја на светскиот избор за Мис Универзум.

