
На венчавката на Филиз Салиху и Арлит Кастрати која е одржана на почетокот на октомври, главна ѕвезда била пејачката Рита Ора која се појавила во елегантен црвен фустан.

Една фотографија од свадбената прослава Рита објавила и на Инстаграм, и порачала дека венчавката била „надреална“. Таа на свадбата мошне се опуштила, па дури се качила на стол и заиграла.

Инаку Рита Сахатчија Ора е родена во Приштина, а кога имала само една година се преселила со семејството во Лондон. Сепак, често истакнува дека е горда на своите корени и албанско потекло. Дури едната песна на новиот албум ја нарекла „Косово“.
