
Еве ме, чекор пред соочувањето со себе.
Застанав пред огледалото кое трепкаше од сјај, во моите очи.
Се гледав себе а гледав друга, друга која животот и искуствата ја имаа научено да игра само како што таа мислеше дека е најдобро.
Таква бев јас, непредвидлива, а сепак онаа старата.
Им свртев грб на оние кои мислев дека ми прават зло, им покажав лице и заби, и се држев до тоа дека колку им вртам грб толку сум пред нив.
Но да не ги заборавам оние другите, кои знам дека ми мислеа добро,тие ме видоа во уште подобро светло, зашто заслужи ја, заслужи ја да ме имаат.
Иако имав се, иако бев на прав пат, само среќата ја немав, само љубов немав,тоа што требаше да ме држи жива.
Љубовта ме имаше изгорено до болка. Срцето ми беше скршено на милион парчиња и со секој поминат ден се повеќе бев уништена од фактот дека тој е со друга, дека други усни бакнува, дека други коси милува, дека е туѓ но не и мој.
Ме измачуваше секој факт поврзан со него,со се што ме разделуваше на безброј начини, но ме научи можеби и на некој памет, не бев онаа истата која сакаше така едноставно.
Тој ме повреди мене,а јас, јас сите после него.
Таква бев јас пријателе,се претворив во такво светло во кое никој не претпоставуваше и не очекуваше дека ќе ме види. Но ме видоа сите и замисли занемеа,замолчеа пред се што бев јас, замолчеа пред секој оган кој гореше се пред себе, уништував се. Но тоа го очекував,да не ме познаваат и да се пазат од мене,да бидам некој страв и некој трепет кој ќе разлистува низ сегашноста.
Но не жалам, не жалам за никоја постапка, за никој чекор кој го направив.
Тој ме направи преслаба, но светот, светот ме научи на храброст.
И денес на светот и на луѓето им ја должам храброста и мотивацијата, а на себе, јас само ја заслужив среќата. Заслужив да се смеам и тогаш кога некој плаче.
Белешките на девојката со челично срце