
Сандра Кејроз, домашна помошничка и мајка на две други дечиња, вели дека го направила тоа од очај, а овој случај го крена Бразил на нозе. Таа сега е под закана од 3 години казна затвор.
Според локалните медиуми, жената која била уапсена од полицијата поради тоа што го оставила своето бебе во кеса на улица, сега го сака назад, а вели дека тоа го направила од очај.
Жената е идентификувана како Сандра Кејроз, 37 годишна мајка на две други дечиња. Таа била фатена на камера минатата недела, како го остава своето бебе во еден богат кварт во Сао Паоло.

Таа го родила бебето во купатилото во домот на нејзиниот работодавец, каде што работи како домашна помошничка. Го замотала бебето во ќебе и го ставила во хартиена кеса под едно дрво

Била уапсена од страна на полицијата додека ја носела својата ќерка на училиште.

Бебето било пронајдено од еден случаен минувач, кој чул бебешки плач. Од јавноста и медиумите овој човек се здоби со статус на херој.

И покрај јавното мислење и осуди насочени кон мајката, сепак има и такви кои ја бранат. Оние кои ја бранат велат дека таа би ја изгубила работата доколку би имала уште едно бебе. Исто се напоменува дека Кејроз немала можност за абортус. Во Бразил, абортусот е легален само доколку бременоста го загрозува животот на мајката или доколку е резултат на силување. Оние кои ја бранеа нејзината постапка велат дека приказната и реалноста не е црно-бела и дека треба да се знаат сите околности, па после да се осудува некој. Близок пријател на Кејроз вели дека таткото не бил заинтересиран околу целата ситуација. А самата Сандра Кејроз изјавила: „Многу ми е жал за постапката. Болката која ја чувствувам сега е многу поголема од онаа при пораѓањето.“
